3.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Новата генерација „напаѓа“: Дури 12 гола сезонава во ЛШ постигнаа фудбалери кои немаат повеќе од 18 години

Големиот талент на Баерн Минхен, Ленард Карл, трет меч во низа постигна гол во Лигата на шампионите и беше еден од најзаслужните за победата на германскиот првак против Спортинг со 3:1. Карл има само 17 години и нема помлад фудбалер кој на три натпревари по ред постигнувал гол во ЛШ.

Карл е само еден во низата на големи млади ѕвезди, каде што предводник е Ламин Јамал. Суперѕвездата на Барселона, која има само 18 години, има четири гола во Лигата на шампионите.

Од младите играчи кои немаат повеќе од 18 години, по двапати во листата на стрелци досега се запишаа Дадасон и Нванери. Виктор Бјарки Дадасон има само 17 години и е напаѓач на Копенхаген, кого го очекува гостување кај Вилјареал. Итан Нванери е 18-годишен талент од Арсенал кој сезонава постигна два гола.

Во листата на стрелци се запиша и Дастан Сатпајев од Алмати, кој има само 17 години и е голема надеж на казахстанскиот фудбал.

Вкупно 12 голови сезонава во ЛШ постигнаа играчите кои се големи таленти и немаат повеќе од 18 години.

- Оглас -

Најнови вести