Никола Јокиќ и Лука Дончиќ имаа нови маестрални партии во новите победи за своите тимови во полноќните натпревари од НБА-лигата.
Јокиќ, кој игра за Денвер, постигна 34 поени, а имаше и девет скока и осум асистенции во триумфот против Детроит пистонс од 117:111.
Лука, пак, играше против одличните Мемфис гризлис, каде што неговиот тим Далас славеше победа од 104:91.
Словенечкиот кошаркар имаше дабл-дабл учинок од 37 поени, 11 скокови и девет асистенции.
Во дербито на вечерта, Мајами хит со 113:107 го победи Лос Анџелес лејкерс, а Леброн Џејмс имаше нова доминантна партија.
Кралот постигна 33 поени, а имаше и 11 скокови и четири асистенции во 24-тиот пораз на Лејкерси во регуларниот дел од сезоната.
НБА
Мајами хит – Лос Анџелес лејкерс 113:107
Орландо меџик – Чикаго булс 114:95
Торонто рапторс – Портланд трејблејзерс 105:114
Шарлот хорнетс – Атланта хокс 91:113
Сан Антонио спарс – Филаделфија 76-ерс 109:115
Далас маверикс – Мемфис гризлис 104:91
Денвер нагетс – Детроит пистонс 117:111
Минесота тимбервулфс – Бруклин нетс 136:125
Голден стејт ворирорс – Јута џез 94:92