Нови главоболки за Реал: Им се повреди уште еден фудбалер на првиот тренинг со репрезентацијата

Се чини дека нема крај на проблемите за Реал Мадрид, барем кога станува збор за фудбалерите од средниот ред. По повредите на Белингам, Камавинга и Себаљос, сега се повреди и Орелијан Чуамени, и тоа на првиот тренинг на репрезентацијата на Франција.

Чуамени го напуштил кампот на Франција и веднаш се вратил во Мадрид. Првите проценки се дека повредата на стапалото не е сериозна, но со сигурност ќе го пропушти првиот нареден натпревар на Кралевите.

Карло Анчелоти сега има само тројца здрави фудбалери од средниот ред, тоа се Лука Модриќ, Арда Ѓулер и Федерико Валверде.

- Оглас -

Најнови вести