Нови опасни „куршуми“ во Серија А: Првенството не смее да се продолжи!

Ексцентричниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Сампдорија, Масимо Фереро повторно потенцираше дека е против продолжување на сезоната во Серија А. Фереро е лут поради кампањата да се доигра сезоната која беше прекината пред повеќе од еден месец поради пандемијата со Коронавирусот.

Италија заедно со Шпанија се двете најзагрозени земји во Европа од опасниот вирус, но се најавува дека наскоро ќе има олабавување на мерките за сите граѓани. Токму тоа намалување на мерките е знак дека полека може да се започне да се размислува за продолжување на сезоната, но без присуство на гледачи на трибините.

„На сите ни е јасно дека нема да имаме мир од овој вирус додека не се изнајде вакцина. Има работи кои едноставно остануваат нејасни. Ако играч се зарази од Коронавирусот за време на сезоната, како да го третираме тој фудбалер, како повреден ли? Освен тоа, што треба да направиме за да заврши оваа сезона. Треба да ги ставиме сите играчи во хотел во карантин повеќе од еден месец, како да се во домашен затвор. За да заврши оваа сезона ќе треба да се играат по 2-3 меча во неделата и тоа така да биде до август. Потоа ќе почат и европските купови и фудбалерите нема да имаат воопшто време да одморат“, вели Фереро.

До прекин на сезоната, Сампдорија имаше 26 бодови, еден повеќе од Лече кој е во зоната за испаѓање. Првиот човек на Сампдорија ги спомна првенствата на Белгија и Холандија кои нема да се доиграат, а во тие земји и немаше толку разорна моќ опасниот Коронавирус.

- Оглас -

Најнови вести