Нови проблеми за Нејмар, може да добие рекордна суспензија

Поминаа десетина дена од дербито меѓу ПСЖ и Марсеј во кое гостите славеа со минимални 1-0, а крајот беше проследен со голема тепачка меѓу фудбалерите која резултираше со пет црвени картони. Страстите не се смируваат, а според тврдењата од таборот на Марсеј, Нејмар може да го чека уште поголема казна, која би била рекорд во Лига 1.

На најскапиот фудбалер во светот му се заканува суспензија до 20 натпревари на веќе добиената казна од три меча поради директен црвен картон. Наводно Марсеј има аудиодокази дека и Нејмар користел расистички навреди кон Јапонецот Хироки Сакаи, поточно му се обратил со „кинесно ср*ње“.

Доколку се покрене нова истрага против Нејмар и доказите држат вода, ѕвездата на ПСЖ може да пропушти дури половина од сезоната во француското првенство поради глупост.

- Оглас -

Најнови вести