Новинар почна да прашува на каталонски и се случи хаос (Видео)

Хосе Луис Марти, тренерот на Жирона, по завршувањето на натпреварот на кој неговиот тим ја совлада Екстремадура со 3-1, се најде во многу непријатна ситуација. Еден новинар кој беше дојден од Жирона почна да поставува прашање на каталонски јазик, по што бурно реагираа побројните домашни новинари.

Марти збунето гледаше на двете страни, не знаеше како да реагира и на кој јазик да одговори, а огорчените шпански новинари во знак на протест се заканија дека ќе ја напуштат салата за прес-конференции бидејќи не разбирале што е прашањето, иако била официјална прес-конференција која ја организира лигата. На крајот се најде соломонско решение: прашањето да биде на каталонски, а одговорот на шпански.

Од Екстремадура испратија соопштение во кое се оградуваат од инцидентот и велат дека тие не одговараат за постапките на локалните новинари и дека ја почитуваат автономијата на секој човек и слободниот начин на изразување, а главен јазик на нивниот стадион е фудбалскиот јазик. Од Жирона се заблагодарија и рекоа дека ќе одговорат со гостопримство кога овој клуб ќе им гостува.

https://twitter.com/i/status/1191120816441905152

- Оглас -

Најнови вести