Холандската новинарка Хелен Хендрикс јавно го обвини некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Диего Коста дека намерно ја заразил со Коронавирусот. Во подкастот „ХНМ“ новинарката изнесе шокантни тврдења за однесувањето на бразилскиот напаѓач.
Еден од последните големи мечеви кои се одиграа пред големиот „локдаун“ во светски рамки кога започнуваше ширењето на Коронавирусот, беше дуелот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид. Тоа беше дуел одигран во март 2020 година, во рамките од Лига на шампиони.
„Од сите луѓе кои беа на стадионот тој ден, дури 41 подоцна починаа од Коронавирусот. Прво бев во контакт со Вирџил ван Дајк, потоа со Диего Коста. Злаете ли тој што ми направи? Пријде и намерно каслаше во лицата на луѓето“, рече Хендрикс, која додаде дека само два дена подоцна, таа била позитивна на Коронавирусот.
Hendriks, die voor interviews op het veld was, was geschokt door de actie van de toenmalige spits van Atlético Madrid. https://t.co/uB7GphbcWJ pic.twitter.com/LCx7tKGQC8
— Nieuwe Revu (@NieuweRevu) January 8, 2026
„Не се лутам толку лесно, но тогаш ми дојде да отидам кај него и да го прашам зошто тоа го прави. Ми кашлаше директно в лице. Не можев да верувам што се случува“, раскажува холандската новинарка.
Диего Коста во текот на неговата кариера е познат по многу скандалозни однесувања и по агресивниот стил на игра. Весникот „Лекип“ во 2015 година го прогласи за „најомразен фудбалер“ поради константните провокации што ги прави.
Бразилецот моментално е без клуб. Последен пат настапи за тимот на Гремио во 2024 година, а уште официјално нема ставено крај на играчката кариера.

