Новиот дрес на Ливерпул ќе биде прекрасен

Американскиот производител на спортска опрема, компанијата „Најки“, заврши добра работа околу изгледот на новиот дрес на фудбалскиот клуб Ливерпул. Од следната сезона, најдобриот англиски тим ќе носи дресови на „Најки“, па сефтето ќе биде убаво за очи. И во клубот и навивачите се задоволни.

Ливерпул пред неколку месеци потпиша договор со техничкиот спонзор „Најки“, а во следната сезона ќе играат како англиски шампиони. По социјалните мрежи се појави најверојатната верзија на дресот за домашните мечеви и коментарите се позитивни.

Новитет на дресот на Ливерпул ќе биде знакот на ФИФА наменет за освојувачот на Светското клупско првенство, а дресот го красат и нијанси на сина боја на ракавите и крагните.

Екипата на Ливерпул на терен треба да се појави на 21 јуни, во градското дерби против Евертон, а до крајот на сезонава ќе носат дресови на „Њу баланс“.

- Оглас -

Најнови вести