Новиот Елмас потпиша за Бешикташ, познати финансиските детали на трансферот! (Фото)

Членот на македонската репрезентација за фудбалери до 17 години, Бесар Гуџуфи, стави потпис на петгодишен договор со турскиот гигант и нов првак Бешикташ. Гуџифи се сели во Бешикташ од Беласица во која настапуваше изминатите шест месеци.

Според турски медиуми, трансферот е вреден 480.000 евра, а Гуџуфи ќе има месечна плата од 8.000 евра. Гуџуфи беше член на Вардар, но во зимскиот преоден рок направи трансфер во Беласица од каде оди во Бешикташ. За него имаше интерес и од Трабзонспор и Динамо Загреб.

Гуџуфи кој на 29-ти мај ќе наполни 17 години, игра во средниот ред, го нарекуваат новиот Елиф Елмас, и среќен е што стана играч на големиот Бешикташ. Сезонава во првата македонска лига, Гуџуфи на 12 средби имаше два гола и три асистенции.

„Многу сум среќен што дојдов во најквалитетниот тим во Турција“ – напиша Гуџуфи на Твитер.

- Оглас -

Најнови вести