Новиот играч на Барса е среќен што веќе нема да трпи тортури од Меси

Џејсон Муриљо е пресреќен што ќе го носи дресот на Барселона. Колумбискиот репрезентативец беше преставен за нов играч на гигантот од „Камп Ноу“. Тој доаѓа како позајмен играч, но се надева дека во следниве шест месеци ќе докаже дека има квалитет за да игра во Барселона и дека ќе добие постојан договор со актуелниот првак на Шпанија.

Една од најинтересните причини поради која Муриљо е среќен што ќе игра за Барселона е тоа што нема да мора да се плаши од Лионел Меси.

„Пресреќен сум што ќе играм во тим каде што игра и Лионел Меси. Секој од нас сака да игра со Меси во состав, а не против него. Тој е најдобриот играч во светот. Џери Мина ми даде многу совети пред да дојдам тука. За мене е огромна чест да бидам дел од овој тим и затоа сум му благодарен на Господ за тоа“, рече Муриљо, кој досега го носеше дресот на Валенсија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести