Новиот лидер во Бундеслигата даде гол кој може да конкурира за наградата Пушкаш (Видео)

Баер Леверкузен убедливо со 4:1 го победи Хофенхајм и со трите бода се искачи на врвот од табелата во Бундеслигата. Фармацевтите имаат 25 бода, еден повеќе од најголемите ривали Баерн Минхен и Лајпциг.

Леон Бејли беше творец на победата за Баер откако постигна два гола во почетните 27 минути, а потоа домаќините рутински не само што го задржаа, туку на крајот и го зголемија водството. Еден од двата гола на Бејли беше посебно атрактивен и според многумина, може да конкурира и за наградата Пушкаш, која се доделува за најдобар погодок во годината.

https://twitter.com/i/status/1338176214389952513

- Оглас -

Најнови вести