Откако англискиот клуб Барнли го официјализираше збогувањето со Скот Паркер и изборот на новиот привремен менаџер кој се вика Мајкл Џексон, корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија можноста да ја поврзат веста со славниот американски пејач кој почина во 2009 година.
Пејачот Мајкл Џексон имал само 15 години кога се родил тренерот Џексон, па тешко може да се каже дали го крстиле Мајкл по него.

Како и да е, на социјалните мрежи има еден куп шеговити монтирани фотографии од пејачот Мајкл Џексон како тренер на клубот кој ќе испадне од Премиер лигата и ќе се пресели во Чемшионшип.



