Новиот Надал го раздрма тенискиот свет, Алкарас прави чуда со маратоните во Њујорк (Видео)

Карлос Алкарас повторно одигра брилијантен меч во пет сета и повторно победи, овојпат против Петер Гојовчик и стана најмладиот тенисер што ќе игра четвртфинале на гренслем по Мајлл Ченг во 1990 година.

Шпанецот има 18 години, но игра како да има стотици турнири зад себе и е вистински хит во Њујорк. Во претходното коло го елиминира големиот фаворит Стефанос Циципас во пет сета, а сега го повтори подвигот и против германскиот тенисер.

Алкарас губеше со 1:0 и со 2:1 во сетови, но во финишот додаде гас и го декласира Гојовчик со 6:2, 6:0 препуштајќи му само две игри во тенискиот маратон.

И Германецот е интересна приказна, за првпат играше во четврта рунда на гренслем, а е рангиран на 141-вото место на АТП-листата и мораше да мине и низ квалификацискиот циклус за да настапи во Њујорк. Во Големото Јаболко пристигна сам, без тренер и без физиотерапевт и беше блиску до настап и во четвртфиналето.

Следен ривал на новиот Надал, како што го нарекуваат Алкарас по блескавите настапи на Отвореното првенство на САД, ќе му биде Феликс Ожер-Алијасим од Канада, кој го елиминира Франсоа Тифо со 3:1 во сетови.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести