Новиот Папа е голем љубител на тенисот, а има и омилен фудбалски тим

Новоизбраниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, исто како и неговиот претходник Франциск, сака спорт, но омилен спорт му е тенисот, додека на Франциск му беше фудбалот.

Ова е и нормално на некој начин, со оглед на тоа дека Франциск беше Аргентинец и во неговата земја фудбалот е како религија и спорт број 1, а новиот Папа е Американец, во САД други спортови се попопуларни.

Папата во едно интервју има откриено дека омилен спорт му е тенисот, дека како млад аматерски играл тенис, и тоа доста добро.

Отецот Џузепе Падано, кој е близок пријател на Папата и со кого се знае повеќе од 40 години, откри дека Лав XIV сака и фудбал, а навива за Рома. Има информации дека во минатото Папата бил присутен на некои мечеви на Рома на „Олимпико“. Судбината сакаше Папата да биде избран на 8 мај, датумот на кој Рома пред 42 години ја освои втората титула во Серија А.

Новиот Папа е фан и на бејзбол тимот Чикаго вајт сокс, како и на универзитетскиот кошаркарски тим Виланова вајлдкетс.

- Оглас -

Најнови вести