Новиот Шек сака да игра за БиХ, вујко му беше светски првак со Југославија, а дедо му легендарен голман

Лука Гарза е американски кошаркар со босанско потекло, а викендов го одигра својот последен меч за Унивезитетот Ајова на „мартовското лудило“ во НЦАА, пред преселбата во НБА лигата. На последниот меч во НЦАА, тој даде 36 поени.

Втора година по ред, тој е избран во идеалната петорка на НЦАА лигата, втора сезона по ред е избран за колеџ играч на годината според Sporting News, чест каква што немал никој од Мајкл Џордан наваму. Џордан беше прогласуван за најдобар во 1983 и 1984 година.

Според американските медиуми, стилот на игра на Гарза е „стара школа“, тој е тежок центар кој игра само во рекет, ретко шутира тројки, и поради тоа не котира добро кај клубовите од НБА, и не се очекува да биде избран меѓу првите пикови на драфтот.

Посебно интересно е потеклото на 211-сантиметри високиот Гарза. Неговиот татко Френк и дедо му Џејмс истотака играле кошарка, а од другата половина на семејството, тој има потекло од Босна и Херцеговина, и затоа Лука сака да игра за националниот тим на БиХ. Неговата мајка Шејла Муфтиќ е некогашна репрезентативка на БиХ и сестра на Теоман Алибеговиќ, член на младинската селекција на Југославија која во Бормио стана светски првак во 1987 година, тим за кој беше снимен и филм.

Алибеговиќ е прв стрелец во историјата на словенечката репрезентација. Дедото на Лука Гарза е Рефик Муфтиќ, легендарен голман на фудбалскиот клуб Сараево, и пријател на големиот Пеле.

Еве како Гарза доминираше на својот последен меч во НЦАА:

- Оглас -

Најнови вести