Новицки, Гасол и Паркер и официјално ќе бидат нови членови на Куќата на славните на НБА

Легендарните европски кошаркари, Дирк Новицки, Пау Гасол и Тони Паркер и официјално ќе бидат дел од класата 2023 која ќе биде примена во Куќата на славните на НБА лигата во Спрингфилд.

Покрај Гасол, Паркер и Новицки, во класата 2023 се уште и легендарниот тренер на Сан Антонио спарс, Грег Попович и поранешната ѕвезда на Мајами хит, Двејн Вејд.

Свечената церемонија на која легендарните кошаркари и тренери ќе бидат и официјално примени во Куќата на славните ќе се одржи на 11. и 12. август.

 

- Оглас -

Најнови вести