3.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Ново бразилско чудо, има само 16 години, а откупната клаузула му е 100 милиони евра

Бразилскиот гигант Палмеирас во последните неколку години произведе повеќе суперталенти кои ги продаде во Европа и буквално ја наполни клупската каса. Сега се наѕира нов голем талент, а тоа е 16-годишниот Едуардо Консеисао.

Тоа е тинејџер кој моментално игра во Купот на Бразил за јуниори, а во првите два меча постигна четири гола, плус имаше и три асистенции. Од Палмеирас воопшто не сакаат да останат ништо на случајноста, па на Консеисао му понуди прв сениорски професионален договор.

Со тој договор се обезбедува дека тинејџерот нема да може да „избега“ од Палмеирас, а според клаузулата која е во договорот, доколку некој клуб сака да го доведе Консеисао, ќе мора да плати неверојатни 100 милиони евра отштета.

Едуардо го сметаат за „чудо од дете“, но многумина не може да веруваат дека тој има само 16 години бидејќи неговиот изглед е на многу постар човек. Тој има проблеми со косата, рано започнал да ја губи, а на некои места дури му е и побелена.

Договорот кој го потпиша со Палмеирас е до 2029 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rising Ballers (@risingballers)

- Оглас -

Најнови вести