10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Ново коло, нова можност за подароци: Премиерлигашкото дерби е главниот предизвик за играчите на Спортската прогноза

Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е отворено. Нови 13 натпревари се предизвик за играчите, а најинтересниот меч се игра во недела.

Премиерлигашкото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер сити е главниот предизвик за играчите, но интересно ќе биде и на мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Токму Премиер лигата е најзастапена со четири меча, три натпревари се од шпанската Ла Лига, а по два дуела има од италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести