Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна. Тринаесет натпревари се новиот предизвик за играчите, а помеѓу нив има неколку дерби-дуели кои го привлекуваат вниманието.
Секако, во прв план е премиерлигашкото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, кое се игра во недела, а возбудувања се очекуваат и на дербито во Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но и во Серија А, каде што се среќаваат Рома и Интер.
Типувањето ќе биде отворено до сабота во 15 часот, кога започнува првиот натпревар, оној помеѓу Лече и Сасуоло.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.