Ново поглавје од династијата Малдини во Милан

Милан ги разочара своите навивачи откако не успеа да слави на свој терен против Верона и одигра само 1:1. Росонерите беа фаворити пред мечот, а од 68-мата минута имаа и играч повеќе откако еден гостински фудбалер доби црвен картон. Иако повеќе од 20 минути беа бројчано помоќни, Милан не го скрши отпорот на гостите и на крајот освои само еден бод.

Единствена добра работа која може да се издвои за Милан на овој меч е влегувањето на Даниел Малдини. Тинејџерот кој има само 18 години дебитираше во првиот тим на Милан во Серија А и со тоа испиша ново поглавје за династијата Малдини.

Даниел е син на прославениот Паоло Малдини, а негов дедо беше Чезаре Малдини. За разлика од татко му и дедо му, кои беа дефанзивци, Даниел игра како напаѓач. Во игра влезе во 9-тата минута и немаше многу време да го покаже својот талент, но сепак овој меч останува запишан во историјата, затоа што фамилијата Малдини го доби и третиот член на Росонерите во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести