Ново шоу на Тицијано, видете како го прослави голот за победа на Милан над Лацио (Видео)

Легендарниот италијански ТВ-водител Тицијално Крудели, кој е познат како голем навивач на Милан, секогаш успева да ги насмее луѓето кои го гледаат и го слушаат како ги прославува головите и победите на неговиот омилен тим.

Секако, и синоќа Тицијано „експлодираше“ кога Тео Ернандес даде гол со глава во 92-рата минута за победа од 3-2 над Лацио. Откако Тео даде гол за победа и го врати Милан на прво место, Тицијано од радост речиси не знаеше што да каже, па постојано го извикуваше името на фудбалерот, го имитираше како ја удрил топката, а му се заблагодари и на Реал Мадрид ,кој го позајми левиот бек во Милан.

- Оглас -

Најнови вести