Новогодишна бајка за малиот клуб од Сежана – Италијанска легенда им е нов тренер

Италијанската фудбалска легенда и поранешен репрезентативец на „аѕурите“, Мауро Каморанези е нов тренер на Табор Сежана, вест што оддекна како вистинска сензација во Словенија, па и пошироко.

Малиот клуб од Сежана успеа да ги оствари намерите во кои малкумина веруваа, а Каморанези за првпат ќе биде тренер на европски клуб.

Претходно некогашниот италијански репрезентативец со 55 настапи за „аѕурите“, работеше како тренер во Јужна Америка и Мексико, а Табор Сежана ќе му биде сефте на Стариот Континент.

Ќе има тешка задача да избори опстанок со новиот клуб. Искушенијата за Мауро ќе почнат на 22. февруари со гостување на Табор Сежана кај Браво.

Моментно по 20 кола во Словенија малиот клуб од Сежана со 19 бодови е на осмото место во конкуренција на 10 клуба.

- Оглас -

Најнови вести