Новото засилување на Барселона ја шокираше јавноста со еден потег (Видео)

Ентони Гордон официјално беше претставен како ново засилување на Барселона, а англискиот репрезентативец ги изненади присутните со тоа што течно зборуваше шпански јазик.

Брзоногиот крилен напаѓач стана првото засилување на шпанскиот шампион за новата сезона, а каталонскиот гигант за неговиот трансфер издвои дури 80 милиони евра.

На промоцијата Гордон одговараше на прашањата на новинарите на шпански јазик и објасни како дошло до тоа да го совлада јазикот.

„Сакав да научам шпански бидејќи уште како дете верував дека еден ден ќе играм за Барселона“, изјави Гордон.

Тој откри дека голема улога во тоа имал неговиот физиотерапевт во Њукасл.

„Во Њукасл имав физиотерапевт кој беше Шпанец. Со него разговарав секој ден. Му кажав дека сакам еден ден да играм за Барселона и затоа сакам да го зборувам шпанскиот јазик“, додаде англискиот репрезентативец.

Гордон не го криеше воодушевувањето од трансферот во каталонскиот клуб и истакна дека остварил детски сон.

„Подготвен сум за овој предизвик. Свесен сум за историјата на овој клуб и горд сум што станав дел од неа. Ова е најдобриот клуб во светот. Кога слушнав дека Барселона е опција, повеќе немав никакви дилеми. За ова сонував уште од најрана возраст“, порача новото засилување на Барса.

Дваесет и петгодишниот фудбалер кариерата ја започна во младинските категории на Ливерпул, но на 11-годишна возраст премина во Евертон, каде што како 16-годишник дебитираше за првиот тим.

По кратката позајмица во Престон, на почетокот на 2023 година стана член на Њукасл во трансфер вреден 40 милиони фунти. За репрезентацијата на Англија досега има одиграно 17 натпревари и има постигнато два гола.

- Оглас -

Најнови вести