Поранешниот тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу, е главен кандидат за наследник на Турчинот Хајат Сојдаш, кој си замина од клупата на Чаирчани.
Нухиу има искуство со водењето на клубот, беше тренер на Шкупи и добро ги познава играчите, па тој би бил солуција во обидот да се побегне од дното на табелата.
Беќири неодамна си замина од Ренова, а и тој има шанси да го наследи Сојдаш, кој си замина од Шкупи само по пет кола. Клубот од Чаир во осумте досегашни рунди забележа само една победа и со пет бодови е фенерџија во Првата македонска фудбалска лига.