Њујорк никс по 27 години, повторно ќе игра во големото финале на НБА-лигата откако со чисти 4-0 го елиминира Кливленд кавалирс во источното финале. Тимот од Големото Јаболко беше предоминантен во четвртиот меч одигран рано утрово и го доби со 130-93.
Никси станаа прв тим во историјата на НБА-плејофот кој во три серии по ред ги затвора со победи од над 30 поени разлика.
Њујорк има серија од 11 победи по ред, повеќе од еден месец нема пораз. Клубот не бил првак на НБА уште од далечната 1973 година, а во последното големо финале кое го играа во 1999, ривал им беше Сан Антонио спарс, кој може и сега да им биде противник.
Џејлен Брансон, кој синоќа играше само во првата и третата четвртина и даде 15 поени, го доби трофејот за најкорисен играч во ова конференциско финале. Кај Кавалирс, Донован Мичел беше прв стрелец со 31 поен, доодека Џејмс Харден заврши со 12 поени и ги утна сите шест обиди за тројка.
Големото финале ќе почне на 3 јуни, па тимот од Њујорк ќе има време да одмори и да се подготви за битка.

