Олимпијакос стигна до трофејот во Евролигата откако во финалето во Атина го совлада Реал Мадрид. Сепак, големо внимание во јавноста предизвика присуството на засилени полициски сили во грчката престолнина.
Иако натпреварот на трибините помина без проблеми, во ВИП-делот атмосферата била многу понаелектризирана. На социјалните мрежи се појави видео кое прикажува физичка пресметка меѓу две познати личности од грчкиот јавен живот.
Во центарот на настанот беше сопственикот на фудбалските клубови Олимпијакос и Нотингам форест, Евангелос Маринакис, бродски магнат со огромно богатство, кој на скалите во салата ОАКА се сретна со Григорис Димитриадис, роднина на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Αυτό είναι το αποκαλυπτικό βίντεο.
— ptart (@ptableart) May 25, 2026
Ο Μαρινακης τον καλει να του πει κατι,
ο Δημητριάδης σκύβει να ακούσει και τότε
ο Μαρινακης τον χτυπά ύπουλα και απρόκλητα. pic.twitter.com/ScJLcjBIUq
Според видеоматеријалот, меѓу нив дојде до кратка вербална расправија, чии детали не се познати, но која брзо ескалира во физички инцидент.
Маринакис наводно прв започна со удар, по што Димитријадис возвратил. Во хаосот што следел, братучедот на Мицотакис му ја скина маицата на грчкиот милијардер.
Инцидентот доби голем одек во британските медиуми бидејќи Маринакис е и сопственик на Нотингам форест и на португалскиот Рио Аве, а сега се очекуваат и правни последици.
Според „Катимерини“, главниот обвинител во Атина, Аристидис Коријас, побарал од полицијата да ги прегледа сите снимки од случката и да утврди дали има основ за понатамошна постапка.

