Њујорк ќе има два тима во НБА плејофот, Дончиќ со тројки ги отпиша Пеликаните (Видео)

Атланта го победи Вашингтон со 120-116 и се враќа во НБА плејофот после 2017 година, а Њујорк никс и без игра синоќа, си го завери тикетот за место во разигрувањето за титулата. Никс за првпат по 2013 година ќе бидат учесници на плејофот. Нив радоста им ја донесе победата на Кливленд против Бостон од 102-94.

Лука Дончиќ со 33 поени и седум погодени тројки, беше главен творец на триумфот на Далас над Њу Орлеанс од 125-107. После овој пораз, Пеликанс ги загуби и теоретските шанси за пласман во плејофот.

Лос Анџелес лејкерс врза три победи по ред, рано утрово триумфираа тесно во возбудлив меч против Хјустон рокетс со 124-122.

Кај Езерџиите ги немаше Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но останатите беа инспитирани од истакнувањето на шампионскиот банер за минатата сезона во „Стејплс центарот“.

- Оглас -

Најнови вести