Њујорк сити ќе го исклучи динамото на Хјустон

Њујорк сити – Хјустон Динамо (МЛС, 01 часот)

Њујорк сити игра одлично на домашен терен и има биланс од пет победи, едно реми и само еден пораз во последните три месеци.

За разлика од нив Динамо има исклучително лош гостински ефект со дури 8 порази на последните 9 меча надвор од Хјустон. Но, токму против Сити, кога гостуваат во Големото Јаболко немаат пораз и се надеваат дека таа традиција ќе продолжи.

Колумбиецот Мауро Манотас ќе биде најголемата закана за голот на домаќините. 24-годишниот напаѓач постигна 8 гола досега и е најефикасен играч на Хјустон. Гостите се борат за место во плејофот во Западната конференција, а засега се надвор од зоната што гарантира доигрување за титулата.

Њујорк сити има неколку повредени играчи, а главен адут останува Бразилецот Хебер, кој му беше соиграч на нашиот репрезентативец Стефан Ристовски во Риека. Досега постигна 9 гола за Сити и има шанса да стане двоцифрен по бројот на погодоци, ако ноќеска ја погоди мрежата на Дерик.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Рафаел Надал – Гвидо Пела (АТП Монтреал, 00.30 часот)

Надал нема загубено ниту еден сет во досегашните три меѓусебни дуели со Пела. Еднаш играа на тврда подлога и Шпанецот го декласира ривалот со лесни 2:0 во Индијан Велс пред две години.

Четвртата победа на шпанскиот ас против Пела се чини е неизбежна, иако Аргентинецот со триумф против Гофан потврди дека се наоѓа во солидна форма. Прашање е само колку гемови може Пела да освои против ривал што за него е непремостлива пречка на АТП турнирите. Најблиску до освојување на сет Аргентинецот беше годинава во Монте Карло, но го загуби стартниот сет во тај-брејк, а потоа и мечот со 0:2

Ова е битка на бетонска подлога на двајца тенисери што имаат најголеми успеси на земја, а Надал е апсолутен фаворит за пласман во четвртфиналето. Шпанецот е прв носител и ја брани титулата на популарниот Роџерс куп во Монтреал.

Границата во обложувалниците на Sport Life e 18,5, што е достижно, па ќе типуваме на плус гемови.

Предлог тип: >18.5 гема (1.50)

 

Серена Вилијамс – Екатерина Александрова (ВТА Торонто, 01 часот)

Серена Вилијамс ќе се обиде да освои нов пехар во Торонто и со 4 титули да се израмни со двете најтрофејни тенисерки во историјата на Роџерс купот, Моника Селеш и Крис Еверт.

Турнирот е интересен, а веќе испадна топ-носителката Барти, што барем малку ќе и го олесни патот на Серена кон нов успех во Торонто.

Прво треба да се елиминира Александрова, тенисерка која нема значајни успеси во кариерата, но одигра веќе четири меча на турнирот, бидејќи почна од квалификациите.

Помладата од сестрите Вилијамс е жива легенда на светскиот тенис, има неверијатни 23 гренд-слем титули, богата колекција од 72 пехари од ВТА турнирите и држи многу рекорди. Но и има 37 години, па и поразите зачестија. Сепак сега е асполутен фаворит против 13 години помладата Русинка и се очекува да мине понатаму.

Ова е прв меѓусебен меч меѓу двете тенисерки, а ќе типуваме победа на Вилијамс без загубен сет.

Предлог тип: Точен резултат 2:0 (1.57)

 

Роберто Баутиста Агут – Ришар Гаске (АТП Монтреал, 02 часот)

Гаске веќе направи едно големо изнедадување, со победа против петтиот носител, Кеи Нишикори, па ќе се обиде да го елиминира и десеттиот фаворит на турнирот, Роберто Баутиста Агут, за пласман во четвртфиналето.

Шпанецот има одлична сезона, а врв му беше полуфиналниот меч на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ, но загуби со 1:3. Тоа му е и најголем успех на гренд-слем турнирите, а му се бројат и 9-те АТП титули. Игра стандардно добро во 2019 година, има подобар меѓусебен скор во дуелите со Гаске, води со 3:1 и е фаворит против францускиот тенисер.

Сепак, Гаске покажа дека полека се враќа во форма, по многуте проблеми што ги имаше во кариерата и може да биде незгоден ривал за Баутиста. Очекуваме неизвесен меч и три сета, по кои ќе се знае победникот.

Предлог тип: >21.5 гема (1.87)

 

Ига Свјатек – Наоми Осака (ВТА Торонто, 02.30 часот)

Ига Свјатек почна да го презентира раскошниот талент што го најави како јуниорка со гренд-слем титула во сингл на Вимблдон и во двојки на Ролан Гарос.

На турнирот во Торонто, во квалификациите, 18-годишната полска тенисерка ги надигра многу поискусните Шелби Роџерс и Хедер Вотсон, а Алја Томљановиќ и го предаде мечот поради повреда. Пласманот на главниот турнир го прослави со сензационална победа против Каролине Вознијачки, а сега ја чека уште еден голем предизвик, да и се спротивстави на најдобрата на светот Наоми Осака.

Осака со триумфот против Германката Татјана Марија се враќа на врвот на ВТА листата и е фаворит против Свјатек, но мора да внимава. Свјатек има една титула на Роџерс купот, но како јуниорка и тоа на 15-годишна возраст. И предвидуваат блескава иднина, а како игра во Торонто нема да биде чудо ако и пружи сериозен отпор на Осака.

Предлог тип: Точен резултат 1:2 (3.40)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести