Њукасл го најде новиот тренер и ги изненади сите со изборот

Екипата на Њукасл го пронајде новиот тренер, а станува збор за Еди Хау. Иако сите очекуваа, односно најавуваа звучно име на клупата на Чавките, тоа не се случи.

Хау е еден од најмладите тренери во Англија, а речиси една деценија ја водеше екипата на Борнмут, и тоа доста успешно. Сепак, соработката беше прекината минатата година, кога овој тренер остана без ангажман.

Според медиумите од Англија, Хау потпишал две ипол годишен договор со Њукасл, а неговата официјална промоција ќе биде закажана за утре.

Сè уште не е познато дали тој ќе го води тимот во сабота против Брајтон или пак ќе дебитира по репрезентативната пауза.

- Оглас -

Најнови вести