Њукасл е најновиот англиски клуб кој покажува интерес за крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане, пренесува германскиот „Билд“. Германскиот репрезентативец претходно беше блиску до продолжување на договорот со баварскиот гигант, но по промената на агентите, сега е под застапништво на познатиот агент Пини Захави, ситуацијата се искомплицира.
Овој потег се толкува како знак на незадоволство на Сане од понудените услови од Баерн Минхен, што повторно ги активираше англиските клубови кои и претходно имаа интерес за него.
Освен Њукасл, за Сане се интересираат и Арсенал, Ливерпул и Челзи.
Ако не дојде до продолжување на договорот, Сане, чиј договор истекува на крајот од сезоната, наводно сака да се врати во Премиер лигата, каде што веќе настапуваше за Манчестер сити. Според информациите, негова посакувана дестинација е Лондон, но и Њукасл ќе се обиде да го обезбеди неговиот потпис.