Откако ќе добие нови сопственици од Саудиска Арабија, Њукасл во следната сезона би можел да се бори за висок пласман во англиската Премиерлига. Новите газди на Чавките најавија големи вложувања, тимот многу ќе се засили, и веќе се најавуваат дел од имињата кои ги посакуваат во своите редови.
Њукасл ќе има амбициозни планови за следната сезона, но ќе мора и да го почитуваат финансискиот фер-плеј, па затоа веројатно нема да имаат некаков „дрим-тим“ уште во 2020/2021. Како реални засилувања се спомнуваат Герет Бејл, Единсон Кавани и Артуро Видал.
Прва задача на новите газди ќе биде да ангажираат врвен тренер, а според шпекулациите фаворити се Маурисио Покетино и Масимилијано Алегри.
Англиските медиуми направија проекција како би изгледал составот на Њукасл ако се остварат најавите за посакувани трансфери: