16.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Нула за Наполи во Фиренца

Јувентус утре против Сасуоло ќе има шанса да ја зголеми предноста на 11 бода во однос на Наполи на табелата, откако избраниците на Карло Анчелоти денес ремизираа на гостувањето кај Фиорентина во мечот без голови.

Мрежите мируваа на „Артемио Франки“ и покрај тоа што двете екипи имаа бројни шанси, а најголемата не ја искористи Аркадиуш Милик во судиското надополнување, откако неговиот удар помина покрај голот на Лафон.

За Наполи ова е четврто реми по 23 натпревари во Серија А, па сега имаат 52 бода и цврсто стојат на второто место. Фиорентина пак, 11-ти пат сезонава одигура меч со нерешен резултат и имаат 20 бода помалку во однос на нивниот денешен противник.

 

- Оглас -

Најнови вести