„Нули“ во Милано и Рим

Интер ремизираше без голови против Аталанта на домашен терен во мечот од 31-то коло во Серија А. „Нероаѕурите“ немаа идеја како да ја пробијат одбраната на екипата која ја предводи Гасперини, иако доминираа во текот на второто полувреме.

Интер останува на третото место со 57 бода, додека Аталанта со ова реми се изедначи по бројот на бодови со Милан, имаат по 52 бода.

Реми се одигра и во Рим, но барем мечот меѓу Лацио и Сасуоло беше поефикасен од оној кој се одигра на „Џузепе Меаца“. Средбата заврши со конечни 2-2, а домаќините во последните минути спасуваа глава и ново разочаруање.

Имобиле во 53-тата минута погоди од белата точка, а по само четири минути гостите израмнија преку Рожеиро. Еден опасен контра-напад на Сасуоло во 89-тата минута го искористи Берарди, но Лулиќ во петтата минута од судиското надополнување израмни за конечни 2-2.

 

- Оглас -

Најнови вести