Нуркиќ: Мојата фризура? Па и баба ми имаше иста

Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ се врати на паркет во поразот на Портланд трејблејзерс против Сакраменто кингс во подготвителен меч од претсезоната во НБА, но иако даде само 4 поени, беше во центарот на вниманието.

Нуркиќ се појави со нова фризура и нова боја на косата, па американските новинари ги интересираше како дошол на идеја да го направи тоа и дали инспирација му бил Бил Волтон, кој имаше слична фризура пред 50-тина години, кога легендата играше за Портланд.

„Мојата баба имаше иста боја на косата. Пандемијата ги излудува луѓето, ми беше здодевно и сакав да пробам нешто“, изјави популарниот Јука.

- Оглас -

Најнови вести