Нуркиќ паузира поради тешката скршеница, но утрово со победата на Портланд, стана побогат за 1,25 милиони долари

Јусуф Нуркиќ на 25 март заработи страшна скршеница на ногата и за него сезоната е завршена. „Босанскиот ѕвер“ сега е на долга рехабилитација, но иако не е на теренот, неговото банкарско салдо се зголемува. Од утрово, тој е побогат за 1,25 милиони долари, и тоа благодарение на победата на Портланд против Мемфис.

Во клаузулата од договорот на Нуркиќ стои дека доколку Портланд успее во сезоната да стигне до 50 победи, клубот ќе му исплати бонус од 1,25 милиони долари. Токму триумфот над Мемфис беше 50-ти за овој НБА-тим сезонава.

Резултати: Детроит – Индијана 89:108, Орландо – Њујорк 114:100, Вашингтон – Чикаго 114:115, Атланта – Филаделфија 130:122, Бруклин – Торонто 105:115, Мајами – Бостон 102:112, Њу Орлаенс – Шарлот 109:115, Далас – Минесота 108:110, Денвер – Сан Антонио 113:85, Феникс – Јута 97:118, Портланд – Мемфис 116:89, ЛА клиперс – Хјустон 103:135.

- Оглас -

Најнови вести