Нуров за малку остана без медал на ЛОИ

Борач Могамедгаџи Нуров не успеа да освои медал во категоријата над 97 килограми, па Македонија остана само со едно одличје, и тоа сребреното на Дејан Георгиевски во теквондо, на Летните олимписки игри во Токио. Утринскиот настап на Нуров беше последен за македонските спортисти на Игрите.

Нуров во првото коло имаше успешен настап и без многу мака со 5:0 на поени го совлада Мохамед Садауи од Тунис. Во следното коло, односно во четвртфиналето, противник на македонскиот борач беше искусниот 34-годишен Реинерс Салас Перес од Куба.

Искусниот Кубанец беше подобар од Нуров и со 6:4 на поени си обезбеди место во полуфиналето, а ја остави Македонија без шанса за нов медал.

- Оглас -

Најнови вести