Шкупи загуби со 3-1 на гостувањето кај Шемрок роверс во првиот натпревар од третото коло од квалификациите во Лигата на Европа. Македонскиот шампион успеа да намали барем на еден гол негатива по лошото прво полувреме, во кое Чаирчани двапати ја вадеа топката од својот гол.
Бразилецот Кевен одново се покажа таличен за Гоце Седлоски, погоди против Динамо на гостувањето на „Максимир“, а и вечерва во Даблин се запиша во листата стрелци.
Неговиот фантастичен гол во 77-мата минута го одржа во живот сонот на Шкупи наречен групна фаза во Лигата на Европа. Црвениот картон на Хамиди во 84-тата минута ги отежна работите, па Шкупи не успеа да го задржи резултатот од 2-1 што ќе беше поповолен во реваншот.
Претходно Бурк од пенал во 12-тата и Вотс во 29-тата минута погодуваа за 2-0 во корист на домаќините. Длабоко во судиското надополнување О’Нил погоди за конечни 3-1.
Реваншот е предвиден да се одигра идниот четврток во Скопје, на Националната арена „Тодор Проески“.