Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на четвртото Европско првенство по ред откако во неделата во Скопје славеше убедлива победа над Грузија.
Успехот на одбојкарите не остана незабележан и од нивните фудбалски и ракометни колеги, па ФФМ и РФМ со објави на социјалните мрежи им честитаа и им посакаа успех во друштвото на европската одбојкарска елита.