Објавена е комуникацијата меѓу судијата и ВАР собата за спорниот пенал на Атлетико (Фото)

Реал и Атлетико одиграа 1-1 во големото градско дерби на „Сантијаго Бернабеу“, а по натпреварот најмногу се зборуваше за пеналот што го добија гостите во првото полувреме. Чуамени го згазна Лино, судијата Сото Градо не досуди веднаш пенал, но по интервенција на ВАР собата отиде да ја погледне уште еднаш ситуацијата и ја промени својата првична одлука.

„Релево“ ја објави и комуникацијата меѓу судијата и ВАР собата, што секогаш е интересно да се дознае.

„Потребни ми се повеќе фотографии, морам да видам подобро“, изјави судијата Сото Градо.

Од ВАР собата му порачаа: „Нема повеќе слики“.

Потоа судијата вели: „Добро, гледам дека го згазна, тоа е пенал. Ќе го досудам“.

Реал Мадрид секако има жестоки реакции на одлуката за пеналот, а тоа го истакна дури и на вулгарен начин преку својата официјална телевизија.

- Оглас -

Најнови вести