Очајот на Работнички продолжува, прв пат ќе играат во плејаут

Најтрофејниот македонски клуб Работнички и дефинитивно ги загуби сите шанси за пласман во Суперлигата, откако вечерва на свој терен загуби од директниот ривал Еуро Никел со 87:68. За Работнички ова беше 12-ти пораз во 21 натпревар сезонава, додека кавадарчани се израдуваа на 13-тата победа сезонава и ќе бидат сигурни во Топ 6.

Работнички добро започна и поведе со 12:4, но до крајот на првата четвртина гостите беа тие кои водеа со 23:19. Потоа се играше израмнето до почетокот на последната четвртина во која Еуро Никел влезе со предност од 61:58. Кавадарчани тогаш заиграа многу подобро и доминираа, па за брзо време поведоа со 83:64, по што беше познат победникот.

Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром не дозволи втор пат да биде изненаден од Феникс и овојпат Штрковите победија со 87:74. И на овој меч беше неизвесно до неколку минути пред крај.

МЗТ водеше со 70:68, а потоа на семафорот стоеше 80:70, што беше и прво двоцифрено водство за една од двете екипи. До крајот на мечот, МЗТ рутински финишираше за 18-та победа сезонава.

Во останатите мечеви кои се играа денеска: Ангели – Кожув 72:76 и МЗТ Скопје Аеродром 2 – Куманово 62:70.

Табела: Пелистер 40 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 39, Еуро Никел 34, ФМП Академија 34, Гостивар 33, ТФТ Скопје 32, Феникс 32, Работнички 30, Кожув 29, Куманово 26, МЗТ Скопје Аеродром 23, Ангели 23.

- Оглас -

Најнови вести