Очекуван старт на Работнички во Суперлигата

Работнички во Суперлигата стартуваше со гостински триумф над Куманово со конечни 57:75, а воедно го пренесоа победничкиот менталитет од претходните средби и остварија шести последователен позитивен резултат. Домаќините немаа одговор за налетот на „центарци“ во третата четвртина, иако со сите сили се трудеа да се вратат во игра во последните 10 минути.

Избраниците на Марјан Докузовски постепено ја градеа предноста која ја стекнаа уште во воведот на мечот, за на паузата да заминат со +10. Работнички го забрза ритамот во второто полувреме, па во третиот период дозволија да примат само девет поени, додека го наполнија кошот на Куманово и поведоа со +22, разлика која беше недостижна за домаќините.

Крстевски одигра одличен меч во кој реализираше 22 поени и промаши само два обиди од вкупно 12 од поле, додека по 14 поени запишаа Костов и Јанески. Во редовите на Куманово најсрасположен за игра беше Ѓекиќ, кој запиша двоен учинок од 16 поени и 11 скока.

- Оглас -

Најнови вести