Од Аталанта: Лига на шампиони, мило ни е што се запознавме!

Сонот на многу генерации играчи и навивачи на Аталанта, клубот да учествува во елитното клупско натпреварување во Европа, се оствари синоќа, после цели 112 години постоење на клубот од Бергамо.

Аталанта со игрите и ефикасноста сезонава, заслужи да биде еден од четирите италијански претставници во Лигата на шампионите. На официјалниот Твитер профил на клубот, од Аталанта објавија: „Лига на шампиони, мило ни е што се запознавме“, а честитки веднаш стигнаа и од клубови кои ќе играат во ЛШ и ќе бидат потенцијални ривал на бергамаските.

После мечот со Сасуоло, низ улиците на Бергамо имаше прослава на илјадници навивачи.

- Оглас -

Најнови вести