Од Борусија со порака до норвешките власти: Вашите закони тука не важат!

Норвешката фудбалска федерација побара од сите свои репрезентативци, меѓу кои и Ерлинг Халанд, да го испочитуваат барањето за десетдневна изолација, но доби негативен одговор од Борусија Дортмунд. И од Лајпциг и Херта Берлин најавија дека не планираат да ги стават во изолација Александер Сорлот и Руне Јарстејн.

За време на подготовките за мечевите од Лигата на нации, во норвешката селекција се појави позитивен на корона-вирус, а потоа се вмеша норвешката влада. На репрезентацијата на Норвешка ѝ беше забрането да патува на гостувањето во Романија, а сите кои биле дел од националниот тим, требаше да заминат во 10-дневен карантин.

Сепак, од германските клубови најавија дека нема шанси норвешките репрезентативци да ги стават во карантин, а со тоа да ги загубат за претстојните мечеви од Бундеслигата. За германските клубови најважно е фудбалерите да се негативни на тестирањата за корона-вирусот и ако тоа се случи, тие ќе играат викендов.

 

- Оглас -

Најнови вести