Од Брајтон предупредуваат дека може да има и смртни случаи ако продолжи Премиер лигата

Извршниот директор на Брајтон, Пол Барбер продолжува со притисокот дека сезоната во Премиер лигата не смее да продолжи. Тој предуреди дека ако продолжат натпреварите, може да се случи „да има и смртни случаи“.

Во Англија нема дефинирано како и дали ќе има фудбал оваа сезона. Постои размислување натпреварите да се играат на неутрален терен, но и оваа опција не е прифатлива за повеќето клубови.

„Треба да внимаваме да не направиме погрешен чекор, затоа што лесно може да се случи да има и човечки жртви. Не треба да дозволиме продолжувањето на фудбалот да биде платен со човечки животи“, вели Барбер. Во Брајтон засега има пријавено дека тројца фудбалери се заразени од Коронавирусот.

За утре е закажан состанок на сите клубови кои се дел од Премиер лигата на кој ќе се разговара за евентуалното продолжување на првенството. Засега сигурно е дека претставниците на Брајтон, Вотфорд и Астон вила ќе бидат против продолжување на натпреварите. Во Англија тоа што е најјасно е дека ако продолжи првенството, Ливерпул ќе биде првак.

- Оглас -

Најнови вести