Од Буфон до Ибрахимовиќ, може да се состави супер тим од фудбалери кои се повлекоа во 2023 (Фото)

Објавата на славниот голман Џанлуиџи Буфон дека ја завршува кариерата, комплетираше одлична фудбалска 11-ка на новопечени пензионери кои веќе нема активно да се занимаваат со играње фудбал.

Во календарската 2023 година, се повлекоа неколку легенди и ѕвезди, па од нив може да се состави силен тим според позициите на кои играа.

На голот е Буфон, во одбраната Врсаљко, Миранда, Годин и Германецот Јонас Хектор, во средина Леива, Фабрегас и Озил, а во нападот Давид Силва, Бејл и Ибрахимовиќ. Ова пред неколку години би бил многу опасен тим кој би можел речиси секого да победи.

- Оглас -

Најнови вести