Од четири меча во ЛШ, само со 100 денари до добивка од 20.000 евра!

Дуелите од Лигата на шампионите одиграни вчера во второто коло дефинитивно беа најсреќни во Охрид. Два идентични тикети беа уплатени на уплатното место Охрид 5, а со 50 денари добивката е неверојатни 609.968 денари. Ако се знае дека се работи за два тикети од по 50 денари, тоа се вкупно вложени 100 денари, а добивката е безмалку 20.000 евра.

Неверојатна среќа беше потребна за тикетите да се добитни, а тоа се случи. Тактиката била на полувреме на сите четири одиграни мечеви да е нерешено, а на крајот домаќините да победат во мечеви на кои ќе има барем два гола, а максималната граница на дадени голови е пет.

ЧУДО ВО ЛИСАБОН, СПОРТИНГ ВО 90 И 90+3 ГИ ДАДЕ ДВАТА ПОТРЕБНИ ГОЛА

Спортинг дома против Тотенхем одигра интересен меч, а 0:0 беше сè до 90-тата минута. Кога се мислеше дека нема да има погодоци, домаќините дадоа два гола. Во 90-тата минута Паулињо погоди за 1:0, но за да биде добитна комбинацијата Х-1&2-3, мораше Спортинг да погоди уште еднаш.

Тоа се случи во 90+3 минута, кога Артур Гомес по една соло акција по вторпат го матираше гостинскиот голман за триумф од 2:0.

ЛИВЕРПУЛ ПОГОДИ ЗА РАДОСТ ВО 89-ТАТА МИНУТА, А БАЕР ДВАТА ГОЛА ГИ ДАДЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ МИНУТИ

Обложувачот имаше многу среќа и уште на два меча, каде што погодоци беа постигнувани во финишот. Ливерпул и Ајакс играа 1:1 на полувреме, а домаќините до трите бода на „Енфилд роуд“ стигнаа со погодок во 89-тата минута.

Во Леверкузен, Баер и Атлетико играа без голови до 84-тата минута, кога домаќините го скршија отпорот на мадриѓани. Сепак, за да е добитна комбинацијата Х-1&2-4, мораше Фармацевтите да погодат уште еднаш, а тоа се случи во 87-мата минута.

Најмирно беше во дербито меѓу Баерн – Барселона, каде што откако немаше погодоци во првиот дел, Баварците на почетокот на второто полувреме погодија двапати и супер испадна комбинацијата од Х-1&2-5 гола.

Овие неверојатни тикети во Охрид се доказ дека нема дефиниција како може да се стигне до одлична добивка. Двата тикети се уплатени во растојание од само 40 секунди.

- Оглас -

Најнови вести