Спортинг во луд финиш славеше над Тотенхем, Џеко со јубилејната десетка му донесе победа на Интер, (Видео)

Италијанскиот првак Интер ги освои првите три бода во „Групата на смртта“ во Лигата на шампионите откако со 2:0 победи на гости во П’лзењ против Викторија. Овој меч беше многу важен за тимот на Симоне Инѕаги, а мисијата беше исполнета.

Един Џеко донесе предност за Интер со убав гол постигнат во 20-тата минута. Овој погодок на Џеко е јубилеен 10-ти против Викторија П’лзењ и тоа е клубот против кој Босанецот има постигнато најмногу погодоци во кариерата. Уште пред да започне дуелот, најавивме дека е сигурица Џеко да даде гол на овој меч. 

Во второто полувреме домаќините останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Буча, а Интер со погодокот на Думфрис зголеми на 2:0 и се погрижи за мирен финиш.

Мирен финиш немаше во Лисабон, каде што Спортинг со два гола 90 и 90+3 минута стигна до победа над Тотенхем од 2:0. Паулињо даде гол во 90-тата минута за водство на Спортинг и голема радост на трибините, но тоа не беше сè. Во 90+3 минута Артур Гомес по вторпат погоди за домаќините, кои првпат во клупската историја во групната фаза од ЛШ почнуваат со две победи.

- Оглас -

Најнови вести