Стефан Ристовски е единствениот македонски фудбалер кој вечерва ќе се појави на терен во Лигата на шампионите.
Екскапитенот на нашата репрезентација ќе ја предводи одбраната на Динамо Загреб во дуелот со Селтик на „Максимир“, а поради повреда, во редовите на Модрите ќе го нема другиот играч со македонски пасош, Аријан Адеми.
За жал, вечер нема да играат ниту Бојан Миовски ниту Елиф Елмас, чии екипи имаат дуели со англиски премиерлигаши.
Миовски беше стартер викендов против Реал Мадрид, но се повредил на тренинг и не е е во комбинација за настап против силниот Ливерпул. Елмас подолго време е во аут и нема да може да му помогне на Лајпциг против Астон вила.