Марио Младеновски ја заврши фудбалската авантура во Данска и од редовите на второлигашот Фремад Амагер се пресели во Ботев од Пловдив.
Поранешниот играч на Вардар од редовите на најтрофејниот македонски клуб во август лани се пресели во Фремад Амагер, а сега одлучи да се врати на Балканот и да игра за Ботев.
Младеновски е стандарден член на младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, а дебитираше и за А селекцијата на дуелот со Австрија во Виена.
Заедно со Младеновски од Фремад Амагер во Ботев се пресели и тренерот Азрудин Валентиќ.