Од денеска започна новата ера во Интер

По 26-годишна соработка со фирмата „Пирели“, италијанскиот калчолигаш Интер денеска го претстави новиот спонзор што ќе стои на предниот дел од дресовите. Нов спонзор е сајтот socios.com, кој е посветен на фудбалските навивачи. Двете страни изразија задоволство од соработката и најавија дека ова е почеток на една нова ера во Интер.

Според италијанските медиуми, италијанскиот првак годишно ќе заработува по 20 милиони евра од новото партнерство. Тоа е трет најголем договор за спонзорство на екипа од Серија А. Јувентус заработува 45 милиони евра годишно од Jeep и Фиорентина е со годишна заработка од 25 милиони евра од „Медијаком“.

 

- Оглас -

Најнови вести